Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе престојува во дво-дневна официјална посета на Израел каде ќе оствари разговори со израелскиот министер за надворешни работи, со фокус на унапредување на билатералните односи и потпишување на важни документи.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре ќе престојува во посета на Државата Израел.
Во рамките на посетата, предвидено е министерот Муцунски да оствари средба и разговори со својот израелски колега, министерот за надворешни работи, Гидеон Саар (Gideon Sa’ar). Во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи, можностите за нивно натамошно унапредување и продлабочувањето на соработката меѓу двете земји.
Воедно, предвидено е и потпишување на неколку билатерални документи.








