[ФОТО] Велат дека е најубавиот ангел на „Викторија Сикрет“, а тоа и го докажа - во танга бикини

Точка

29/08/2026

12:19

287

Големина на фонт

а а а

Летната сезона сè уште трае, а тоа значи сезона на атрактивни изданија на познати личности. Кендис Свинпул на социјалните мрежи објави некои од магичните моменти што ги доживеа во овој жежок период.

Кендис Свинпул се смета за една од најубавите модели во светот и не е тајна дека таа е и омилено лице на брендот „Викторија Сикрет“.


Често ја гледаме на модни ревии за долна облека, каде што го привлекува вниманието на јавноста со својот заводнички изглед. Таа е и горда мајка на два сина, Анак и Ариел, кои ретко ги покажува во јавноста.

Освен успешната кариера како модел, Кендис е доста популарна на социјалните мрежи. Таа е особено активна на Инстаграм, каде што редовно објавува атрактивни фотографии од приватни и деловни средини, а една од нејзините фотокомпилации ја „разгоре“ имагинацијата на многумина.


Како што можете да видите, Кендис објави фотографии кои беа во знакот на сината боја, но оние кои ја покажуваат нејзината завидна фигура во танга го привлекоа вниманието на јавноста.

Таа на смелиот стајлинг додала син дуксер со качулка, но и црни очила кои го заокружија овој урбан изглед.

Коментарите на нејзините обожаватели не престануваа, а многумина ѝ кажаа едно - дека таа е, навистина, убава!