Во скопската општина Центар се случи обид за палење на деловен објект при што беа оштетени фасадата и влезната врата. Полицијата работи на расветлување на случајот.
Запалива течност била фрлена врз деловен објект во скопската општина Центар, при што беа оштетени фасадата и влезната врата. Во инцидентот нема повредени лица.
Од СВР Скопје информираат дека случајот бил пријавен на 28 август во 20:40 часот, а според пријавеното, инцидентот се случил околу 3:45 часот во текот на ноќта.
Оштетени се фасадата и влезната врата на деловен објект, сопственост на 47-годишниот Г.П. од Скопје.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до инцидентот.








