[ВИДЕО] 15 планинари исчезнаа откако „застрашувачки“ поплави го погодија Големиот Кањон

Макфакс

31/08/2026

07:51

151

Големина на фонт

а а а

Во Големиот Кањон се трага по 15 планинари кои исчезнаа поради ненадејни и застрашувачки поплави. Поплавите предизвикаа евакуација на десетици лица и голема штета на најпопуларните патеки, а службите предупредуваат на нови можни бури и опасности.

Во Големиот Кањон во тек е потрагата по околу 15 планинари кои исчезнаа откако ненадејните поплави зафатија делови од кањонот во саботата. Поплавите започнаа околу 14:30 часот по локално време во областите Брајт „Ангел Кањон“ и „Фантом Ранч“, соопшти Службата за национални паркови (NPS).

Досега, 62 лица се префрлени на безбедно со хеликоптер, а операцијата продолжува. Според достапните информации, никој не е повреден. NPS првично објави дека бара повеќе од 20 лица, но подоцна го намали тој број на околу 15. Поплавите предизвикаа голема штета во некои области, а патеките се затворени.

„Луѓето врескаа и трчаа“
Ники Багс (41), која беше евакуирана со хеликоптер со двајца пријатели, ја опиша ситуацијата како застрашувачка. „Беше прекрасен ден, а потоа луѓето почнаа да врескаат и да трчаат“, изјави таа.

Објасни дека таа и нејзините пријатели штотуку ги оставиле своите работи во колибата Фантом Ранч, прениќиште на дното на кањонот, и планинареле по прекрасно време. Кратко потоа, областа беше преплавена од ненадејна поплава.

Предупредување за нови бури

Службата за национални паркови ги повика сите што имаат информации за планинарите кои биле во внатрешноста на кањонот покрај Брајт Ангел во саботата да се јават.

Тие исто така предупредуваат дека за недела и понеделник се најавени нови бури со обилни дождови. Ова може да предизвика нови ненадејни поплави, лизгање на земјиштето, одрони на карпи и промени во патеките и реките.

Гран Кањон е еден од најпосетуваните американски национални паркови, со околу пет милиони посетители годишно. Патеката Брајт Ангел погодена од поплавите е најпопуларната рута во паркот.