Мерц исвиркан и навредуван, му порачаа дека е воен поттикнувач и Пинокио

Макфакс

01/09/2026

08:02

228

Големина на фонт

а а а

Германскиот канцелар Фридрих Мерц беше исвиркан и навредуван за време на предизборна посета во Килунгсборн, каде дел од толпата го нарекуваа поттикнувач на војна и Пинокио. Настанот предизвика напнатости помеѓу поддржувачи и противници.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц беше исвиркан и навредуван од дел од толпата вчера за време на предизборната посета во одморалиштето на Балтичкото Море, Килунгсборн, објави германската новинска агенција.

Тие извикуваа „Поттикнувач на војна“ и „Пинокио“.
Некои минувачи на шеталиштето на плажата го нарекоа Мерц „Потикнувач на војна“ и „Пинокио“, додека други извикуваа: „Оставка!“

Репортер изјави дека локален кандидат на АфД и околу десетина поддржувачи на партијата го чекале Мерц во Килунгсборн. Еден човек од толпата извикал дека ќе гласа за АфД, но не е потврдено дека сите оние што го исвиркувале и навредувале канцеларот биле поддржувачи на таа партија.

Скандирањата на противниците на Мерц наидоа и на отпор од дел од публиката. Некои во толпата им возвратија на гласните критичари на канцеларот и ги повикаа да се однесуваат пристојно.

Мерц разговараше со граѓаните собрани околу предизборниот штанд на ЦДУ преку заштитна ограда.