Барселона го испрати отпишаниот играч од Флик во ривал од Примера

Дерби

02/09/2026

07:50

390

Големина на фонт

а а а

Иако се најавуваше дека Барселона може да направи уште еден трансфер и доведе талентиран стопер во последниот ден од преодниот рок тоа не се случи, но каталонците беа активни со неколку излезни операции.

Каталонците се ослободија од Тони Фернандез и Алваро Кортес, двајца играчи кои тропаа на вратата на првиот тим, добија и одредени шанси од Ханси Флик, но на крајот завршија во Венеција и Антверпен.

Највучното име кое последно си замина од „Камп Ноу“ е големиот борец Марк Касадо, членот на првата екипа. Тој беше отпишан од Флик и во изминатиов период бараше клуб, шпанскиот шампион се надеваше дека ќе заработи 30-40 милиони евра од негова продажба, но тој на крајот замина на позајмица во Депортиво А Коруња, повратникот во Ла Лига.

Големиот борец одигра 75 средби за Барса со 1 гол и 7 асистенции, играч кој сега треба да добие поголема минутажа, улога на „Риазор“. Иако Барселона не информираше, Депортивно наводно ќе има опција и да го откупи за 30 милиони евра.