ЛДП: Срамен, скандалозен и без ронка емпатија настап на министерката за образование пред првачињата!

Макфакс

02/09/2026

11:30

67

Големина на фонт

а а а

ЛДП ги критикува изјавите на министерката за образование за првачињата што бараа браќа или сестри за отворање на училишта, посочувајќи дека тоа е бесчувствително и штетно за децата и нивните семејства, и бара извинување.

„Да им порачаш на шестгодишни првачиња „да си побараат братче или сестриче за да се отвореле затворените училишта“ значи или дека воопшто не размислуваш пред да им се обратиш на децата, или дека си толку занесен од функцијата што веќе не ти е грижа за нивната емоционална состојба“, велат од ЛДП.

„Дали министерката помисли на децата чии родители се разведени? На децата на кои само едниот родител им е жив? На децата чии родители со години водат тешки битки со инфертилитет и не можат да имаат повеќе деца? Или на децата од семејства кои поради лошата економска состојба и едвај врзаниот крај со крај имаат можност за само едно дете? Дали помисли министерката дека децата може да си ги постават меѓусебно овие прашања и да создадат предрасуди уште на самиот прв училишен ден?!

Каков немир, чувство на вина и непотребна болка им нанесе на сите овие деца и семејства уште на самиот прв училиштен ден!

Особено е поразително што оваа скандалозна парада доаѓа од професор на Медицинскиот Факултет. Ако како медицинско лице не ги знае основните правила на детската психологија и развој, подобро е навреме да се консултира со стручњаци, наместо да им прави директна штета на најмладите со вакви непромислени и скандалозни јавени истапи.

Училиштата во Македонија не се затвораат затоа што децата „не побарале братче или сестриче“, туку поради безнадежноста, сиромаштијата и масовното иселување на младите семејства што директно ги продуцира и оваа власт.

Власта треба да се практикува со усул а не да се забегува. И кога ќе се згреши мора да се признае. Затоа, ЛДП бара министерката Јаневска и Владата јавно и без одложување да им се извинат на сите деца и родители кои беа повредени од оваа неодговорна и нехумана изјава“, се наведува во соопштението на ЛДП.