Тајани: Користењето на руски средства за помош на Украина е проблематично од правна гледна точка

Макфакс

02/09/2026

12:20

60

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани истакна дека користењето на замрзнатите руски средства за помош на Украина е со проблематична правна основа и дека постојат низа правни пречки за спроведување на таквиот план.

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денес изјави дека не е против предлогот замрзнатите руски средства да се користат за помош на Украина, но дека постојат правни сомнежи што мора да се решат.

Според него, европските претставници ја разгледале оваа опција и претходно и дошле до заклучок дека постојат проблеми од правна природа што го отежнуваат спроведувањето на тој план, објави агенцијата АНСА.

„Разговаравме неколку пати и одлуката не беше донесена, не поради политички причини, туку токму поради правни причини“, додаде тој.