ВЛЕН го повикува ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени

Макфакс

03/09/2026

09:20

250

Големина на фонт

а а а

По прес-конференцијата на ВЛЕН каде беа поставени прашања во врска со изјавите на Гзим Острени за Охридскиот рамковен договор и улогата на Али Ахмети, од ДУИ сè уште нема одговор. ВЛЕН го повикува Али Ахмети јавно да ја потврди или негира вистинитоста на изјавите на Острени, особено во делот за третирањето на албанскиот јазик во договорот.

По вчерашната прес-конференција на ВЛЕН, на која јавно беа поставени прашања во врска со изјавите на Гзим Острени за Охридскиот рамковен договор и улогата на Али Ахмети, од ДУИ сè уште нема никаков одговор, велат од партијата преку соопштение.

„Невозможно е ДУИ да молчи пред изјавите на една од клучните фигури од 2001 година, особено кога тие директно се однесуваат на начинот на кој албанскиот јазик е третиран во Охридскиот рамковен договор.

Прашањето е едноставно

Затоа, прашањето е многу едноставно: Дали Али Ахмети го негира Гзим Острени?

Оваа ДУИ е лицемерна до срж. Секогаш кога ќе се најдеше во тесно поради кражби, неуспеси или политички пазарења на грбот на Албанците, Али Ахмети го имаше подготвен одговорот. Се криеше зад Охридскиот рамковен договор за сè што направи и за многу нешта што не ги направи.

Но овојпат, Охридскиот рамковен договор ги стави во тесно и им ја затвори устата.

Не поради она што го кажува ВЛЕН, туку поради она што го кажа Гзим Острени.

Острени јавно кажа дека, додека Али Ахмети ја водел политичката игра, албанскиот јазик не бил внесен во Уставот под своето име. Тој дури посочи дека дури многу години подоцна сфатил дека во уставната формулација не стои „албански јазик“, туку јазикот на заедницата која сочинува над 20 проценти од населението.

Ова не е тврдење на ВЛЕН.

Ова го кажа Гзим Острени.

Затоа ДУИ не може да се однесува како да не слуша и како да не разбира.

Ако Али Ахмети го негира Гзим Острени, нека излезе јавно и нека каже во кој дел неговата изјава не е точна.

Ако не го негира, тогаш нека им објасни на Албанците како од барањето за „албанско-македонска држава“, како што го опишува Острени, се стигна до формулација во која албанскиот јазик не се споменува по име, туку е скриен зад процентот.

ДУИ не може да молчи пред ова прашање. Албанците заслужуваат одговор: Дали го негира Гзим Острени, да или не?“, се вели во соопштението на ВЛЕН.