[ФОТО/ВИДЕО] Најсексипилниот маж на светот блеснал во Венеција: Се појавил во впечатлив смокинг

Супермен

03/09/2026

19:22

321

Големина на фонт

а а а

Џонатан Бејли привлече големо внимание на црвениот килим на Филмскиот фестивал во Венеција, каде што се појавил во елегантно, но нешто поопуштено издание со потпис на модната куќа „Џорџо Армани“.

Британскиот актер, кого магазинот „Пипл“ минатата година го прогласи за најсекси маж на светот, уште еднаш покажа зошто во последните години важи за еден од најголемите холивудски миленици.


Бејли, кој е глобален амбасадор на парфемите на „Армани“, за оваа пригода избрал црн смокинг од „Џорџо Армани“. Иако горниот дел од комбинацијата остана верен на класичната машка елеганција, вниманието го привлекоа панталоните со широк, речиси балонест крој, кои на целиот изглед му дале помодерен и поопуштен впечаток.


Класичен смокинг со модерен пресврт

Со смокингот носел бела набрана кошула и црна кадифена пеперутка-машна, додека околу вратот имал долг црн кадифен шал. Токму овие детали го направија класичното вечерно издание малку поинтересно и го издвоија од вообичаените смокинзи кои често се гледаат на црвениот килим.


Бејли пред фотографите позирал и со очила за сонце, а при пристигнувањето бил видно добро расположен и им се насмевнувал на присутните.


Актерот во последните години стана едно од најпрепознатливите британски лица благодарение на улогите во серии и филмови како „Bridgerton“, „Fellow Travelers“, „Wicked“ и „Jurassic World: Rebirth“. Неговата популарност дополнително порасна кон крајот на 2025 година, кога „Пипл“ го прогласи за најсекси маж на светот. Со тоа, Бејли стана и првиот маж кој отворено се изјаснува како геј, а кој ја добил оваа титула.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk