Нов инцидент во Германија: две лица се обидоа да запалат две одбранбени компании во Минхен

Макфакс

03/09/2026

19:50

227

Големина на фонт

а а а

Двајца лица беа уапсени во Минхен по обид да предизвикаат пожар пред седиштето на две одбранбени компании, со минимална материјална штета и непознати мотиви.

38-годишен маж и 28-годишна жена беа уапсени во Минхен под сомнение дека се обиделе да направат пожар пред седиштето на две одбранбени компании во текот на ноќта. Цели на нападите беа технолошката група „Rohde & Schwarz“ и германскиот производител на дронови „Helsing“. Според првичните информации, штетата била минимална.

Полицијата била повикана околу полноќ од сведок кој видел некој како фрла запаливи направи од автомобил во движење врз градилиште. Истражителите велат дека две од направите се запалиле.

Полициска патрола која брзо пристигнала на местото го изгаснала пожарот, а е евидентирана само мала материјална штета. Кратко по инцидентот, полицијата уапсила двајца осомничени. Според информации, тие се бугарски државјани.

Компанијата „Rohde & Schwarz“ произведува безбедносна и комуникациска технологија за владини служби и војската, додека „Helsing“ произведува дронови за воени операции. Детали за мотивот и позадината на нападот засега не се познати.