Николоски: Градежништвото е силен двигател на македонската економија

Макфакс

04/09/2026

10:20

123

Големина на фонт

а а а

Во второто тромесечје од 2026 година, градежништвото во Македонија забележа значаен раст од 21,9%, што ја прави силен двигател на македонската економија. Ова укажува на успешните политики на Владата и продолжување на големите инфраструктурни инвестиции.

Градежништвото е силен двигател на македонската економија

Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото порасна за големи 21,9 % споредено со истиот период минатата година, објави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и додаде:

„Завршени се работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра.

Растот на градежништвото е добар поддржувач на домашната економија.

Овие бројки покажуваат дека политиките на Владата даваат резултати, инвестициите во: автопати,
експресни патишта, железница, над 1200 проекти во општините, аеродроми ќе продолжат со уште позасилено темпо.

Ја поставуваме државата вистинска стратешка раскрсница на Балканот.

Ја градиме Македонија“, напиша заменик претседателот на Владата, Николоски.