Несреќа во Италија: Се обиделе да ограбат банкомат, па загинале во експлозија

Макфакс

04/09/2026

13:40

232

Големина на фонт

а а а

Во јужна Италија, две лица загинаа во експлозија настаната додека се обидувале да ограбат банкомат. На местото се пронајдени украдени средства, а карабинерите ја започнаа истрагата и ја испитуваат експлозијата.

Две лица загинаа во експлозија во предградието на градот Андриа, во јужна Италија, рано утрово, откако, според првичните информации, случајно предизвикале експлозија додека се подготвувале да ограбат банкомат.

Телата биле пронајдени на регионален пат, во близина на мала вила и украден автомобил.

На местото биле пронајдени средства што ги користат банди кои ограбуваат банкомати.

Карабинерите започнале истрага, а нивната единица за деактивирање експлозивни направи го испитува местото на настанот.