[ФОТО] Уапсени пет лица во Галичник: При претрес во шаторите каде престојувале пронајдена марихуана, кокаин, таблети

Макфакс

05/09/2026

12:07

465

Големина на фонт

а а а

Во оперативна акција во Галичник, полицијата уапси пет лица при кои во шаторите беа пронајдени повеќе видови дрога, вклучувајќи марихуана, кокаин и таблети, кои се одземени за понатамошна постапка.

Вчера во периодот од 19:20 до 20:45 часот, во село Галичник на местото викано „Стопанче“, полициски службеници од ОВР Гостивар и ПО Маврово, во рамки на оперативна акција, лишија од слобода пет лица, А.Ј. (32), М.М. (38), К.С. (45) и В.В. (44) од Скопје, како и Р.Т. (38) од Куманово.


При претрес во шаторите каде престојувале лицата, пронајдени и одземени се повеќе пакувања со марихуана, бела прашкаста и грутчеста материја, халуциногени печурки и таблети.


Лицата се задржани во ПС Гостивар за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.