Спектакуларен почеток на AERO Street Food Festival: Илјадници распеани грла, полни штандови и незаборавна атмосфера

Макфакс

05/09/2026

13:30

206

Големина на фонт

а а а

Второто издание на AERO Street Food Festival во Скопје започна со голема енергија, богата музичка програма и голем број посетители кои уживаа во гастрономските брендови и бесплатниот влез во урбана и пријатна атмосфера.

Со феноменална енергија, препознатлив скопски шмек и атмосфера налик на големите европски фестивали, започна второто издание на AERO Street Food Festival во паркот „Авионче“.

Илјадници посетители од сите возрасти, од цело Скопје и од внатрешноста на Македонија, уживаа во настапите на DJ Milan Serafimov, The Ringtones и DJ Aleksandar Jordanov.

Пред штандовите на 20-те гастрономски брендови и фестивалските шанкови се чекаше во ред, додека распеаната и разиграна публика се забавуваше до доцна во ноќта.

Овој урбан гастрономски и музички фестивал продолжува до 8 септември, секој ден од 17:30 часот, со разновидна програма и бесплатен влез.