Пожар на објект во склоп на куќа во Штип: Нема повредени

Макфакс

05/09/2026

14:50

117

Големина на фонт

а а а

Во Штип избувна пожар на објект во склоп на куќа, но нема повредени лица. Противпожарната единица брзо интервенирала и успешно го изгаснала пожарот, додека увидот го извршила полицијата.

Ноќеска во 00:10 часот СВР Штип е пријавено дека околу 00:10 часот на улицата „Ширк дол“ во Штип, настанал пожар на објект во склоп на куќа, сопственост на Д.А.(75), при што била зафатена соба.

Од Територијалната противпожарна единица Штип, пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.