Вонбрачниот сопруг ја истепал и ја силувал: 40-годишната жена од Гостивар го пријавила нападот

Макфакс

05/09/2026

15:10

179

Големина на фонт

а а а

40-годишна жена од Гостивар пријави напад и полов напад од нејзиниот вонбрачниот сопруг во нејзиниот стан. Полицијата продолжува со истрагата за целосно расветлување на случајот.

Вчера во 19:10 часот во ПС Гостивар, 40-годишна жена од Гостивар пријавила дека во ноќните часови на 01/02.09.2026 во нејзиниот стан, нејзиниот вонбрачен сопруг А.С. физички ја нападнал и извршил полов напад врз неа.

Се преземаат сите мерки за целосно расчистување на случајот.