На булеварот Трета Македонска Бригада во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед и електричен тротинет, при што жена на тротинет избегала од местото на несреќата, додека велосипедистката се здобила со тешки повреди.
На 04.09.2026 во 07:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Трета Македонска Бригада“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од Л.Н.(46) од Скопје и електричен тротинет, управуван од женско лице, кое го напуштило местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 46-годишната Л.Н., констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.








