„Нешто што ќе остане“ се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики

Макфакс

09/09/2026

13:30

201

Големина на фонт

а а а

По најавените временски неприлики, музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“ се преместува од 12 на 11 септември и ќе се одржи во Парк на Франкофонија. Настапи ќе имаат повеќе македонски артисти, а настанот е дел од одбележувањето на јубилејот од 50 години Општина Центар.

Општина Центар информира дека поради најавените временски неприлики за претстојниот викенд, музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“, првично закажан за 12 септември, ќе се одржи еден ден порано – во петок, 11 септември, со почеток во 20 часот, во Парк на Франкофонија.

Програмата останува непроменета. На сцената ќе настапат Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона, а водител на вечерта ќе биде Сашко Коцев.

„Нешто што ќе остане“ годинава се одржува по четврти пат, а музичката вечер е дел од одбележувањето на големиот јубилеј – 50 години Општина Центар. И оваа година Општината останува доследна на определбата да ја поддржува и промовира македонската музичка сцена и домашните артисти.

Општина Центар ги повикува сите граѓани да ја забележат промената на датумот и да бидат дел од музичката вечер.

Новиот термин е петок, 11 септември, во 20 часот, во Парк на Франкофонија.