Малолетничка вознемирувана и допирана по телото од пријател на својот очув: Случајот го пријавила нејзината мајка

Макфакс

10/09/2026

13:20

251

Големина на фонт

а а а

Случај на вознемирување на малолетничка и домашно насилство е пријавен во Скопје, каде што пријател на очувот ја вознемирувал девојката, а мајката била нападната од сопругот.

Вчера во СВР Скопје, 45-годишна жена пријави дека нејзината малолетна ќерка била вознемирувана и допирана по телото од 63-годишниот М.Г., пријател на нејзиниот сопруг, 46-годишниот Б.М., кој е очув на нејзината ќерка.

Истиот ден, 45-годишната жена пријавила и дека на 05.09.2026 во домот била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.М.(46). Се преземаат мерки за расчистување на случаите, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.