Портпаролката на Владата, Марија Митева, ја демантираше изјавата на Христијан Мицкоски за тврдењето дека прославата за независноста чинела нула денари, истакнувајќи дека реалната сума изнесува 5,5 милиони евра, со потврда од претседателот на СДСМ Венко Филипче.
„Портпаролката на Владата, Марија Митева, на денешната прес конференција ја демантираше лагата на арамијата Христијан Мицкоски за „нула денари“. Митева го потврди претседателот на СДСМ, Венко Филипче во целот. Прославата за независноста чинела 5.5 милиони евра“, велат од СДСМ.
„Триста милиони денари биле од дивидендата на „Лотарија“, која е во државна сопственост. Од „нула денари“ до „5,5 милиони евра“!
Да не беше прес конференицјата на претседателот Филипче и документот што го објави, немаше ниту Митева да признае. Но, после прес конференцијата на Филипче немаа каде да бегаат.
Каде е сега Мицкоски да каже што стана со „нула денари“? Дали уште некој во Македонија му верува на Арамијата? Требаат ли уште докази дека штом зине – лаже?“, се наведува во соопштението на СДСМ.








