[ФОТО] Македонецот Иваноски е МВП на колото во Словенија

Дерби

10/09/2026

20:40

448

Големина на фонт

а а а

Македонскиот ракоеметен интернационалец, Михаил Иваноски е прогласен за најдобар играч на колото во првата лига на Словенија.

Десниот бек одигра квалитетен натпревар против Ајдовшчина во рамките на второто коло, меч на кој неговиот тим славеше со 34-27, а тој беше лидер со седум погодоци.

Ова негово издание се најде во фокусот, се најде во потесниот избор за играч на колото заедно со Аљуш Анжиќ од Целје, Клемен Ферлин од Слован Љубљана, Ловро Вишчек од Тримо, Алеш Земљиќ од Ормож и Матевж Загар од Крка. Навивачите имаа можност да гласаат и Ивановски доби најмноги гласови, имаше најголема поддршка.