Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 48-годишен маж од Скопје поради физички напад врз неговата поранешна партнерка во Кисела Вода, по што му е одреден осумдневен притвор.
Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против В.С. (48) од Скопје.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 од Кривичниот законик.
Имено на 09.09.2026 година, во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, В.С. физички ја нападнал неговата 46-годишна поранешна партнерка.
По преземени мерки и активности, од страна на судија на претходна постапка му е определена мерка притвор во траење од осум дена, соопшти МВР.








