Гимараеш за соиграчот од Арсенал: Тој е најдобар на светот

Дерби

13/09/2026

11:37

226

Големина на фонт

а а а

Арсенал има четири од четири во англиската Премиер лига, а последниот испит беше положен на незгодниот терен на Сандерленд.

Бранителот на пехарот се избори за славје од 2-0 со два гола во второто полувреме на Бруно Гимараеш и Букајо Сака, погодоци кои дојдоа откако Давид Раја им одбрани пенал на домаќините или поточно на Енцо Ле Фе.

Тоа беше и клучен момент по кој се отворија работите за „топчиите“, го казнија домашниот состав и тоа со мајсторијата на новото засилување Гимараеш. Тој постигна ефектен погодок по кој се беше полесно, а токму Бразилецот го издвои Раја како најдобар голман на светот.

-Да, дефинитивно е најдобар на светот. Тој направи неколку многу добри одбрани кои нè одржаа во игра. Неверојатен момент беше да се одбрани тој пенал и мислам дека после тоа имавме самодоверба да играме напред и постигнавме гол. Но да, сè е поради овој човек, тој е неверојатен, -порача Бразилецот.

Инаку Раја има пет „чисти мрежи“ на шесте меча за Арсенал во оваа сезона во сите конкуренции.