Дел од Скопје утре без вода

Макфакс

13/09/2026

17:00

493

Големина на фонт

а а а

Поради активности за поставување водоводен приклучок, корисниците во дел од Скопје ќе останат без вода утре, 15 септември, од 09:00 часот се до завршување на работите.

Поради планирани активности за изведување водоводен приклучок со профил Ф-225 мм на улица „Отокар Кершовани“ б.б., кај Амбулантата Бит Пазар, утре, 15 септември, ќе има прекин во водоснабдувањето.

Без вода ќе бидат корисниците од улиците „Петре Георгиев“, „Отокар Кершовани“ и „Крсте Мисирков“ бр. 14, како и Амбулантата Бит Пазар.

Прекинот е предвиден да започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работите и санирање на дефектот.