[ФОТО] Ријана во долна облека од чипка: „Се врати најсекси мама“

Супермен

15/09/2026

08:08

996

Големина на фонт

а а а

Ријана работи напорно на секоја нова колекција, а по пат, ги воодушевува и своите обожаватели со жешки фотографии од своjoт задник.

Познатата пејачка Ријана се залага за малку повеќе драма во фиоката за долна облека. За есен, „Savage X Fenty“ ја претставува „Piccadilly Lace“, нова колекција црна чипкана долна облека која ја истакнува потемната, поромантична страна на долната облека.


Кампањата ја води самата Ријана, а колекцијата вклучува чипкан корсет, градник, гаќички и танга, сите во класична црна боја. Таа докажа дека е идеален промотор на оваа колекција во неодамнешната рекламна кампања.

Парчињата внесуваат заводлив шмек на секојдневната долна облека, со нежна чипка и многу скратени кроеви, дизајнирани да изгледаат подеднакво добро кога дискретно ѕиркаат од под облеката како и кога се носат сами.


Облините на Ријана повторно дојдоа во прв план, а никој не може да го игнорира фактот дека убавицата од Барбадос зад себе има три породувања.

Набрзо на социјалните мрежи почнаа да се слеваат позитивни коментари за нејзиниот изглед.

„Ти си нереален“, „Се врати најсекси мама“, „Твоите фотографии не ми прават добро“, „Какви облини“, „Ова е најсекси колекцијата“, беа само дел од реакциите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk