Статијата го потенцира значењето на пошумувањето на Водно како заштита од ерозија и потенцијалните ризици од уништување поради нови урбанистички планови кои ја загрозуваат безбедноста на жителите и природата.
Водно беше гола планина. Во минатото се случувало голема маса на вода и земја да се спуштаат низ
падините и стигнувале до околните населби нанесувајќи материјална штета и доведувајќи ги во опасност животите на граѓаните, велат од ЗНАМ.
Од партиката потсетуваат дека со цел да се заштити градот и жителите од ерозија, Водно интензивно неколку децении е пошумувано.
Сега, како што велат, за интересите и апетитите на неколкумина, треба да се уништи она
што со генерации се правеше и одржуваше.
„Предлог ДУП-от за Градска четврт Барутана се простира на 6,9 хектари. Оваа површина за да се уреди за градење треба да се исечат многу дрва и повторно да се донесе во ризик имотот и безбедноста на граѓаните. Затоа, советниците на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Општина Центар се противат на предлог ДУП-от за Барутана и бараме тој да не сеприфати во предложената форма и детално да се ревидира.“








