Во струшкото село Октиси, 70-годишен маж почина откако падна во ископ за бунар во двор од куќа. На местото интервенирале полиција, противпожарна единица и здравствени служби, а противозакониот настан е во истрага.
Седумдесетгодишен жител на струшкото село Октиси починал откако паднал во ископ за бунар во двор од куќа во селото, соопшти МВР.
Случајот бил пријавен вчера во 15:15 часот во ОВР Струга. Според полицијата, Б.М. (70) паднал во ископ за бунар што го вршела градежна фирма.
Неговото тело било извлечено од припадници на Територијалната противпожарна единица од Струга, а лекар од Здравствениот дом Вевчани констатирал смрт без траги на насилство.
Увид извршиле јавен обвинител, претставници од Државниот инспекторат за труд и полициски екипи.
Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.








