За Меџити одлуката во Хаг е разочарувачка и длабоко неправедна

Макфакс

16/09/2026

18:10

353

Големина на фонт

а а а

Изет Меџити, копретседател на „Вреди“, ја оцени пресудата на Хашкиот трибунал против неколку лидери како разочарувачка и длабоко неправедна, истакнувајќи ја праведноста на војната на ОВК и повикувајќи на продолжување на борбата за вистинската историја и правда.

За Изет Меџити копретседателот на „Вреди“ пресудата во Хаг против Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи е разочарувачка и како што вели длабоко неправедна.

Во објава на социјалните мрежи, Меџити порача дека ОВК водела, како што наведе, „чиста, одбранбена и праведна војна за слобода, независност и достоинство“.

„Денешната одлука на Хаг за водачите на ОВК е разочарувачка и длабоко неправедна за народот на Косово и за целиот наш народ.
Ослободителната војска на Косово водеше чиста, одбранбена и праведна војна за слобода, независност и достоинство. Славната историја на нашиот народ не може да се отуѓи, ниту да се оцрни со одлуки што служат на неправдата, а не на вистината“.

Тој нагласува дека борбата за, како што ја нарече, вистинската приказна и за правда треба да продолжи сè до нејзината конечна победа.

„Битката за вистинска историја и правда заслужува и мора да продолжи до својата победа.
Не на осудата на ОВК во наше име“, вели Меџити во објавата.