Со новиот ДУП за Барутана, сите жители на Центар ќе плаќаат за апетитите на неколкумина, велат од ЗНАМ

Макфакс

17/09/2026

15:10

279

Големина на фонт

а а а

Во текстот се истакнуваат загриженостите на Движењето ЗНАМ за предлогот на Деталниот урбанистички план за Барутана, нагласувајќи дека последиците од него ќе ги почувствуваат сите жители на Општина Центар заради високите трошоци и оптоварување на општинскиот буџет.

„Теренот на Водно каде се предвидува изградба на населба со хациенди бара сложени и извонредно скапи градежни зафати. ​Доколку се прифати предлог ДУП-от за Барутана, Општина Центар ќе биде обврзана да го уреди градежното земјиште, да се направат две нови улици и да ја изгради неопходната водоводна и канализациона инфраструктура“, велат од ЗНАМ.

„​Парите кои би се собрале од комуналиите за градење нема да бидат доволни да се спроведат наведените градежни зафати, или народски кажано: ‘Ќар до колена, зијан до гуша’. ​Оваков пристап не само што не е домаќински за општинската каса, туку сите центaрци ќе треба да ја плаќаат преку буџетот на општината за да се задоволат апетитите на неколкумина.

​Ова е една од причините зошто советниците на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Општина Центар се противат на предлог ДУП-от за Барутана“, се додава во соопштението на ЗНАМ.