Во струмичкото село Секирник се случи сообраќајна несреќа во која загина пешак откако беше удрен од возило управувано од 39-годишник од Ново Село. Возачот е приведен и се врши увид.
Пешак загина во сообраќајна несреќа што ноќеска околу 1:30 часот се случила на влезот во струмичкото село Секирник.
Според МВР, „ренџ ровер“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 39-годишниот М.И. од Ново Село, удрил во 47-годишниот Ѓ.К. од Секирник.
Пешакот загинал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Струмица.
Возачот е приведен и задржан во СВР Струмица. Извршен е увид.








