[ВИДЕО] Уличарско ниво на мадридското дерби: Габи со шокантна гестикулација ја провоцираше клупата на Реал

Дерби

22/09/2026

08:53

743

Големина на фонт

а а а

Големото дерби меѓу Атлетико и Реал доби посебно на тензија поради серијата контроверзни одлуки на крајот на првото полувреме, а во моменти кога во целата нервоза се вклучуваа и луѓето од клупата, камерите на специјализираните емисии успеаја да „уловат“ и еден невкусен момент.

Нивото кое го понудија дел од актерите на теренот не беше карактеристично за едно елитно дерби во Ла Лига, но истото важи и за помошникот на Диего Симеоне, легендарниот Габи.

Некогашниот играч за врска беше евидентно дека има неразјаснети сметки со клупата на Реал Мадрид, но „ДАЗН“ како медиум ја откри содржината на инцидентот во кој беше употребен уличарски речник, но и шокантни гестикулации.

Габи во неколку фати се фати за меѓуножјето и им го посвети на ривалите од гостинскиот тим, па на сето тоа придодаде и вулгарен речник.

– Можете да ми го испушите……., – повтори Габи во неколку наврати.

Ваквото негово однесување ги шокираше медиумите во Шпанија, а прва забелешка за целата ситуација доби од Ридигер кој беше еден од најинволвираните во жолчната расправија.