[ВИДЕО] Варошлија пред „Полиграф“ проговори за нарушениот однос со Лила: „Јас не сакам да се карам, не сакам да се објаснувам...“

Точка

22/09/2026

12:30

673

Големина на фонт

а а а

Сергеј Варошлија беше гостин во емисијата „Полиграф“ кај Стефонатор, каде што се соочи со низа директни и провокативни прашања од различни области – од неговиот приватен живот и професионалните ангажмани, па сè до односите со познати личности од македонската јавна сцена.

Во разговорот неизбежно се отворија и теми поврзани со неговите поранешни пријателства, а едно од прашањата се однесуваше на долгогодишниот однос со познатата водителка и ТВ-лице Лила Филиповска.

Стефонатор му постави директно прашање на Варошлија, а притоа му покажа фотографија од Лила.


„Дали ти е криво што повеќе не си во контакт со оваа личност?“, го праша Стефонатор.

Прашањето се однесуваше на нивното некогашно блиско пријателство, кое со години беше познато и во јавноста. Варошлија и Лила Филиповска во минатото често беа присутни еден покрај друг, а нивниот однос со текот на годините беше тема на интерес кај публиката.


Одговорот на Сергеј Варошлија е следен: 

„Не. Но, криво ми е поради нарушените односи. Непотребно! Јас не сакам нарушени односи. Јас не сум конфликтен, јас не сакам да се карам, јас не сакам да се објаснувам. Јас не сакам да имам негативен електрицитет кон никого. Меѓутоа, толку. Толку било речено или пишано“.

На прашањето: „Ти недостасува ли некогаш дружбата со неа“, Сергеј вели:

„Да. Знаела да биде многу смешна. Мислам она е една од најсмешните луѓе што јас во животот ги познавам (се смешка додека само мисли на неа).

И секогаш сум ѝ викал да си жива и здрава.

Притоа, и сега од денешна дистанца го мислам истото – да е здрава и жива уште 100 години, баш затоа што успеала да ме насмее на ненормално смешен начин, по 100 пати на ден, еве дури и сега ми е смешно“.