Тензијата расте: Алегри удирал боксови во ѕид по последниот натпревар на Наполи

Дерби

23/09/2026

10:53

360

Големина на фонт

а а а

„Медениот месец“ на Масимилијано Алегри во Наполи и официјално заврши, а најновата вест која ја објави угледната „Република“ открива дека искусниот стручњак заминал во исклучително лошо расположение на клупската пауза.

Пред да дојде ред на тринеденлната пауза поради репрезентативни обврски, Наполи одигра нов скромен меч во кој ремизираше со Фиорентина (1:1), по што Алегри веднаш по натпреварот нагласи дека неговиоте играчи треба да бидат бесни и разочарани од понуденото.

Наполи го има најлошиот старт во Серија А во последните десет години и тоа е јасен сигнал дека нервозата допрва ќе почне да доаѓа до израз, но кога е во прашање „лудиот Макс“, тој веќе почнал да беснее во соблекувалната.

Како што открива „Република“, извори од клубот за медиумот откриле дека Алегри беснеел во соблекувалната и удирал со тупаници во ѕид, но исто така и им викал на своите фудбалери кои имаат проблем да се адаптираат на неговите методи, но и на неговите фудбалски сфаќања.

Алегри без успех ја заврши и минатата сезона во која беше тренер на Милан, па ако не успее да ја промени сликата на теренот во периодот после паузата, големи се шансите да почне да ја губи довербата која ја ужива кај првиот човек на клубот, Аурелио де Лаурентис.