[ФОТО] Сопругата на славниот актер објави фотографија во топлес издание: Сите ги шокираше со тетоважата со крст

Супермен

25/09/2026

09:22

983

Големина на фонт

а а а

Рита Вилсон, сопругата на актерот Том Хенкс, објави интересна фотографија на социјалните мрежи. Објавата привлече голем број реакции и може да се каже дека предизвика големо внимание на светската јавност.

Вилсон е активна на социјалните мрежи и редовно објавува фотографии од приватниот и професионалниот живот, кои неретко го привлекуваат вниманието на љубопитната јавност.


Една таква фотографија предизвика „бура“ на социјалните мрежи и за кратко време собра голем број реакции. Како што може да се види, сопругата на Хенкс објавила компилација од фотографии, но првата предизвикала вистински шок. Таа позирала во топлес издание, а крстот кој се протега долж нејзиниот ’рбет бил и тоа како забележлив детаљ на оваа објава.

„Колку си постар, толку си почуден? Кој? Јас? Го обожавам ова! Кој друг станува полуд со годините?“, напишала таа во описот на фотографијата, а оваа реченица има и свое објаснување.


Рита, всушност, го промовирала својот нов сингл со наслов „Stranger With Age“, кој се наоѓа на нејзиниот нов албум „Sound of a Woman“.

Сепак, таа не открила дали станува збор за вистинска тетоважа или, пак, направила привремена за потребите на фотографирањето. Како и да е, глетката предизвика лавина од реакции и коментари од корисниците на Инстаграм, а повеќето ѝ порачале дека е „вистинска опасница“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk