[ВИДЕО] Алкарас со одговор на најтешкото прашање: Кој е најдобар тенисер на сите времиња?

Дерби

25/09/2026

13:31

243

Големина на фонт

а а а

Карлос Алкарас е водечка сила во генерацијата која ги наследува Рожер Федерер, Рафаел Надал и Рожер Федерер, па заедно со Јаник Синер, слободно може да се каже дека ги одбележаа изминатите две-три години.

Оваа година друштво почна да им прави и Саша Зверев кој конечно направи исчекор и ги освои првите две грен слем титули, па полека почна да станува јасно дека „големата тројка“ ги доби своите наследници.

Новак Ѓоковиќ е единствениот кој е активен од споменатата тројка и тој последната грен слем титула ја освои пред три години, но во очите на Алкарас, тој е играчот кој се стекна со статусот најдобар на сите времиња после рекордите кои ги достигна низ годините.

Алкарас е еден од лидерите на тимот на Европа кој ќе се натпреварува на Лејвер Купот, а Шпанецот одговараше на блиц прашања и излезе со искрени ставови.

– Уффф какво прашање… Ќе мора да кажам Новак поради бројките, титулите и статистиката, – порача Алкарас, кој за најдобра тенисерка на сите времиња ја избра Серена Вилијамс, а го посочи Рожер Федерер како идеален партнер со кој би сакал да игра во двојки.