Зеленски: Трамп одлучи да ѝ даде на Украина лиценци за производство на ракети Патриот

Макфакс

25/09/2026

13:40

148

Големина на фонт

а а а

Претседателот Зеленски објави дека Доналд Трамп одлучил да им додели на Украина лиценци за производство на ракети од системот Патриот, но американскиот Стејт департмент сè уште не донел конечна одлука во врска со ова.

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп одлучил на Украина да ѝ додели лиценци за производство на ракети за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“. Зеленски рече дека Трамп лично му го потврдил тоа за време на нивната средба во Њујорк.

„Постојат конкретни договори. На нашата последна средба претседателот Трамп ми потврди: ‘Да, донесов конечна одлука. Украина ќе добие лиценци за производство на ракети ‘Патриот’“, изјави Зеленски пред новинарите.

По изјавата на украинскиот претседател, американскиот Стејт департмент соопшти дека Соединетите Американски Држави сè уште не донеле конечна одлука за доделување лиценци на Украина. Трамп на 31 јули, коментирајќи ја оваа можност, изјави дека САД по ова прашање „мора да бидат многу внимателни“.

Зеленски претходно изјави дека Украина постигнала договор за испорака на еден пакет ракети за системите „Патриот“, што е одвоено прашање од производствените лиценци.