Во ваквото соопштение, ВМРО-ДПМНЕ го критикува Венко Филипче и поставува прашање зошто би сакале негово сменување кога тој редовно губи на избори и е пиун на Заев, истовремено нагласувајќи коруптивни сомнежи поврзани со него.
„Го разбираме стравот на Венко Филипче дека постои опасност да биде променет во неговата партија. Тоа е страв кој е последица на фрагментираноста на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Не можејќи да се соочи со сопствените грешки и пропусти, тој за обидите за негова смена ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ нема никаква врска со фракциите кои бараат смена на Венко Филипче.
Напротив, зошто би сакале смена на Филипче, некој кој редовно губи на избори и е копија и пиун на најомразениот политичар Зоран Заев. Тој не може да излезе од неговата сенка и затоа СДС е таму каде што е, а Венко Филипче е потрупан со коруптивни скандали, провизии за набавка на кинески „Стабри“ вакцини, сомнителни имоти, блиски веледрогерии, запалена модуларна болница.
Најдобро решение за ВМРО-ДПМНЕ е Филипче да продолжи да ја води СДС“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.







