Ферати: Бошњаците се важна алка на нашето општество

Макфакс

29/09/2026

13:40

206

Големина на фонт

а а а

Министерот Агон Ферати се сретна со претставници на бошњачката заедница за да ја потенцира важноста на нивниот придонес во општеството и заложбата за продолжување на институционалната соработка и поддршка на нивните потреби.

Министерот Агон Ферати на средба прими претставници на бошњачката заедница, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Бошњаците.

На средбата беше истакнато значењето на придонесот на бошњачката заедница во нашето општество, како и потребата од продолжување на институционалната соработка во насока на адресирање на нивните прашања и потреби.

„Како министер, се обврзав дека ќе бидам во служба на потребите на Бошњаците и дека заедно ќе работиме на создавање подобри можности за сите“, истакна министерот Ферати.

„Бошњаците, исто како и сите други граѓани, се важна алка на нашето општество, а нивниот придонес е значаен дел од нашиот општествен мозаик. Нашата заложба е секоја заедница да има простор, поддршка и еднакви можности за развој и напредок“, истакна министерот Ферати, упатувајќи честитки до бошњачката заедница по повод нивниот Меѓународен ден.