Естонија ја обвини Русија дека стои зад пожарот во воената фабрика

Макфакс

29/09/2026

14:00

194

Големина на фонт

а а а

Естонија обвини дека руските безбедносни служби стојат зад пожарот во одбранбената компанија Милрем Роботика, која произведува беспилотни возила за Украина, без да објави конкретни докази.

Естонија денес објави дека руските безбедносни служби стојат зад палежот што се случи во август во естонската одбранбена компанија „Милрем Роботика“, која произведува беспилотни копнени возила за Украина.

Премиерот Кристен Михал изјави дека овој заклучок се базира на информации собрани од естонската Служба за внатрешна безбедност КАПО, објави Ројтерс.

Естонија не објави докази за своите тврдења, но рече дека инцидентот е сличен на други акти на саботажа за кои тврди дека се извршуваат по налог на Русија низ цела Европа.