Истражувачите идентификувале нови видови пингвини на Кергеленските Острови

Точка

01/10/2026

19:06

223

Големина на фонт

а а а

Меѓународен тим научници, предводен од чилеански биолози, идентификувал нов вид „генту пингвин“ на Кергеленските Острови, првпат по повеќе од 100 години, се наведува во студија објавена во списанието „Communications Biology“.

Тимот предводен од чилеански биолози обезбедил генетски докази дека генту пингвините не претставуваат еден голем вид со неколку подвидови, туку дека постојат четири различни видови генту пингвини, пренесе „Шпигел“.


Еден од овие видови претходно бил непознат бидејќи, освен помали разлики во големината и вокализацијата, изгледал како и секој друг генту пингвин – со бел стомак и црн грб. Сепак, генетските анализи покажале дека станува збор за јасно различен вид.


Според студијата, северниот, јужниот и источниот генту пингвин веќе биле познати, додека југоисточниот генту пингвин, познат и како „Pygoscelis kerguelensis“, сега е идентификуван како нов вид.

Овој вид живее на Кергеленските Острови, оддалечен архипелаг во јужниот дел на Индискиот Океан, кој се наоѓа на речиси 4.000 километри од Австралија и Јужна Африка.


Истражувачите ги рекласифицирале северниот, јужниот и источниот генту пингвин, па наместо како подвидови, сега ги третираат како посебни видови. Универзитетот во Калифорнија соопшти дека во истражувањето биле вклучени експерти за пингвини од целиот свет.