Путин: Европската автомобилска индустрија е во колапс, наскоро сите ќе возиме кинески автомобили

Макфакс

02/10/2026

17:49

611

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека европската автомобилска индустрија е во длабока криза, со затворање на компании, и дека во блиска иднина луѓето во Европа ќе возат кинески автомобили поради нивната достапност и квалитет. Тој рече дека кинеските возила се веќе широко користени во Русија и дека соработката меѓу Русија и Кина се зголемува.

Европската автомобилска индустрија е во длабока криза и нејзините компании се затвораат, додека луѓето во Европа наскоро претежно ќе возат кинески автомобили, изјави синоќа рускиот претседател Владимир Путин.


„Европската автомобилска индустрија, па каде е? Во длабока криза. Компаниите се затвораат. Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили. Не знам дали тоа е добро или лошо, но тие се евтини и квалитетни“, рече Путин на пленарната сесија на Меѓународниот дискусионен клуб „Валдај“ во Москва.

Путин изјави дека кинеските автомобили веќе се широко користени во Русија и оцени дека соработката меѓу двете земји е взаемна.


Тој додаде дека уделот на руските индустриски стоки на кинескиот пазар постојано расте.