Голем број фудбалски репрезентации ги променија своите селектори по последното светско првенство, а меѓу новите предводници на дел од најсилните национални тимови во светот се и имиња како Зинедин Зидан, Јирген Клоп и Чави Ернандез.
Преговорите и постигнатите договори со федерациите придонесоа и за промени во однос на ранкингот на селектори со најголеми плати, иако на врвот останува Карло Анчелоти со годишна плата од 10 милиони евра.
Бразилскиот селектор е недопирлив за своите колеги, а „Билд“ направи пресек на платите кои ги заработуваат селекторите и ги издвои оние кои се во Топ 10.
Зад Анчелоти е Клоп кој се договорил за плата од 7 милиони евра, додека на третото место е Маурисио Покетино кој како американски селектор добива 6,8 милиони евра годишно.
Томас Тухел од Англичаните добива 6 милиони, додека Луис де ла Фуенте со новиот договор стигна до 5 милиони евра.
Жорге Жезус е на шестото место со плата од 4 милиони евра, а зад него е Зидан со 3,6 милиони евра или речиси двојно помалку од тоа што го добива Клоп од Германците.
Во Топ 10 се и Чави (3 милиони во Холандија), Лионел Скалони (2,3 милиони во Аргентина) и Ралф Рангник (2 милиони евра во Австрија).








