[ФОТО] Подгответе се за најдолгата ноќ - Скопје утре се „облекува“ во бело: Концерти, журки, театар и забава до доцна - што не треба да пропуштите?

Точка

02/10/2026

12:44

424

Големина на фонт

а а а

Соберете го друштвото – Скопје утре има програма за цела вечер! На 3 октомври, „Бела ноќ“, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје, носи концерти, диџејски настапи, изложби, театар и содржини за најмладите.

На Боемска улица, публиката ја очекува „Боемска бела ноќ“ со Владимир Поповски и неговиот бенд, како и ⚡DJ Тоше Вељанов – повод за вечер со жива музика и дружење во Дебар Маало.

[Цела програма за „Бела ноќ“]

За љубителите на електронската музика, адресата е фонтаната „Лотос“. Програмата започнува во 20:30 часот со ⚡Flooder & Vaso, продолжува во 22:00 часот со DJ Vecky – Fluere, а од полноќ зад пултот застанува ⚡Invictoz – Sempre.

🎧Останатата програма ќе се одвива на: плоштадот „Мајка Тереза“ пред МОБ, на платото пред Музејот на современата уметност, во амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, на платото пред МКЦ, на Мостот на уметноста, во Порта Буњаковец, на плоштадот „Скендербег“ во Старата скопска чаршија, во Археолошкиот музеј, Музејот на град Скопје, „Аудио култура“, Домот на градежниците, Чифте амам, „Мала станица“, Детскиот културен центар „Карпош“ и Паркот на поезијата при Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.


Во сабота од 18:00 часот превозот со ✨ЈСП ќе биде бесплатен✨, а по повод „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје.

Изберете ги вашите настани и испланирајте ја вечерта – целосната програма е на www.univerzalna.com.mk/belanok.