[ФОТО] Продолжува мистеријата: Синер откажа уште еден голем турнир

Дерби

04/10/2026

08:51

302

Големина на фонт

а а а

Јаник Синер нема одиграно официјален меч од 12-ти јули кога славеше против Александер Зверев во големото финале на Вимблдон, а речиси три месеци подоцна, продолжува мистеријата околу повредата која ја пријави.

Без да се дадат било какви детали од светскиот рекет број еден, или од било кој од неговиот тим, јавноста знае дека Јаник има повреда на десното колено без истата да биде прецизирана, но во недостиг на вистински и објективни информации, медиумите почнаа да шпекулираат дека се работи за посериозен проблем.

Дополнителна вест за тоа е и денешната информација која вели дека Синер ќе пропушти уште еден голем турнир, оној на кој се најавуваше дека ќе може да се врати и да направи кам-бек.


Станува збор за Мастерс турнирот од 1000 серијата во Шангај, турнир кој Синер денеска самиот го откажа по направени консултации со својот лекарски тим.

Иако тренира на висок интензитет веќе некое време, Јаник се уште не добива зелено светло за да се врати на терените, па веќе не се исклучува можноста дека тој воопшто нема да се врати оваа година и дека главна цел ќе биде да се врати на првиот грен слем во 2027-година, Аустралијан Опен.