Модриќ за историскиот потоп: 20 години сум со националниот тим и за првпат чувствувам вакво нешто!

Дерби

04/10/2026

09:25

357

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ како капитен на Хрватска ги доживеа најголемите успеси во историјата на оваа нација на фудбалската сцена, но сега во петтата деценија од животот го доживеа и најголемиот срам во својата кариера.

Капитенот на националниот тим беше дел од мечот кој ќе остане врежан во хрватската историја во негативен контекст, бидејќи „коцкестите“ вчера на домашен терен во Ријека го претрпеа најтешкиот пораз на еден официјален натпревар.

Англија си поигра со домаќините на „Рујевица“ и си замина со неверојатни 0:7, а еден од емотивно најповредените по натпреварот беше токму Модриќ.

– Без дуел игра, без агресивност, без прекршоци и без заедништво не може да се направи ништо. Во репрезентацијата сум 20 години и првпат чувствувам вакво нешто.

– Првпат чувствувам срам, се чувствувам засрамено. Може да се загуби, може ривалот да биде подобар, но да загубите на ваков начин и да го расипете угледот што сте го граделе со години, едноставно е недозволиво. Првпат во 20 години чувствувам срам.

– Едноставно е, не може да се игра фудбал на ваков начин, се доби чувство како да имаме четворица или петмина играчи помалку на теренот. Ова е катастрофална ноќ за нас и не треба да вперуваме прсти еден кон друг. Мора да се собереме, да бидеме сплотени и да излеземе заедно од ова, – изјави Модриќ.