Кин воодушевен од англиски репрезентативец: Ако продолжи вака…

Дерби

04/10/2026

12:47

232

Големина на фонт

а а а

Англија вчера ја прегази Хрватска на гостувањето во Ријека, а со својот настап на оваа средба посебно воодушеви една од многуте ѕвезди на Томас Тухел.

Англичаните ги имаа офанзивно расположените Кејн, Гордон, Сака… но оној кој посебно се истакна беше Џуд Белингам, кој буквално доминираше по целиот терен, а го импресионираше и Рој Кин.

Ирската легенда ги коментираше случувањата од дуелот од Лигата на нации за „Ај-Ти-Ви“, па не го криел воодушевувањето од фудбалерот на Реал Мадрид.

– Ако Белингам продолжи вака, може да биде еден од најдобрите во историјата.

– Во овој момент тој е неверојатен фудбалер. Целиот пакет, неговата моќ, трчање, неговите додавања и голови. Начинот на кој се развива и напредува, мислам дека допрва ќе ја видиме неговата најдобра верзија.

– Тој е одличен со топка, но она што го прави без топка ги подигнува неговите соиграчи. Со ваквиот начин на игра тој ќе биде лидер на екипата и голема инспирација за сите, – рекол Кин.