Уапсени шест малолетници од Скопје: ограбиле малолетник во центарот на градот

Макфакс

05/10/2026

11:37

241

Големина на фонт

а а а

Шест малолетници од Скопје се уапсени поради сомнение за разбојништво и обид за разбојништво во центарот на градот, при што употребиле закана и остар предмет за да одземат пари од други малолетници.

Вчера околу 22:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода шест малолетници од Скопје. Тие се сомничат дека со закана, при што едниот од нив употребил и остар предмет, од еден малолетник одзеле пари, а од друг малолетник се обиделе да одземат пари.

По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојништво во обид“ по член 237 и член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик.