Во текот на септември подигнати и транспортирани 14 320 тони комунален отпад

Макфакс

05/10/2026

11:38

184

Големина на фонт

а а а

Во септември, ЈП Комунална хигиена-Скопје собори и транспортираше големо количество комунален отпад, како и непрописно одложен кабаст и градежен отпад, при што едуцираше прекршувачи на Законот за јавна чистота и одржува јавна хигиена во повеќе делови од Скопје.

Во текот на месецот септември, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 14 320 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, извести ЈП Комунална хигиена.

„Во истиот период се отстранети и 3040 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини. Најголемо количество отпад од диви депонии -545 кубни метри- е подигнато во општината Чаир.

Во текот на минатиот месец, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачила 24 едукативно-информативни записници на приватни лица и претставници на стопански субјекти што биле затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота.

ЈП Комунална хигиена-Скопје преку рачно и машинско метење и миење секојдневно ја одржува и јавната хигиена на скопските булевари и улици, како и плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода” и целокупниот простор на Старата скопска чаршија“, соопштија од ЈП Комунална хигиена.