Иниеста го пронајде своето „алтер его“ во четворица играчи на Барса

Дерби

05/10/2026

11:54

264

Големина на фонт

а а а

Андрес Иниеста стави крај на играчката кариера пред две години на 8-ми октомври, а како легенда која освои свое наследство во Барселона и шпанската фудбалска репрезентација, незаборавниот играч за врска секогаш привлекува внимание кога ќе се јави со изјава во јавноста.

Иниеста не е тип на човек кој редовно комуницира со медиумите, па затоа заедничкото интервју кое го одработи за „Мундо Депортиво“ и „Спорт“ на големо се пренесува во Каталонија, но и цела шпанска јавност.

Во разговорот, Иниеста вели дека ужива да ја гледа актуелната Барселона и шпанската фудаблска репрезентација во која доминираат играчи од тимот на Ханси Флик, но доста интересен одговор даде кога требаше да го бира својот наследник.

Дон Андрес доби за задача да го пронајде своето „алтер его“ во сегашниот фудбал, па иако многумина го поврзуваат само со Педри, тој самиот вели дека се препознава себеси кај уште тројца играчи на Барса.

– Кое е моето „алтер его“, или другото јас? Ако зборуваме за играчи за врска, имаме многу за пример во Барселона. Уживам да го гледам Педри, но многу ми се допаѓаат и Фермин, Дани Олмо и Гави. Може да кажете еден или друг, а најпозитивно е тоа што Барселона го има најдоброто. Кога треба да бирам како треба да изгледа еден фудбалер, би ги споменал момчињата кои ги набројав, – изјави Иниеста.